Прејди на содржината

Мариовско-прилепска буна (1564-1565)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Преработка од 18:26, 9 август 2021; направена од P.Nedelkovski (разговор | придонеси) (додадена/изменета предлошка)
(разл) ← Претходна преработка | Последна преработка (разл) | Следна преработка → (разл)
Мариовско-прилепски буни
Датум 1564/65 (Првата) и 1688/89 (Втората)
Место Мариово и Прилепско
Исход Задушување на буната

Мариовско-прилепски буни — едни од првите начини на отпор против османското ропство во Македонија.

Прва буна[уреди | уреди извор]

Поради самоволието на собирачите на даноци во летото 1564 година се кренала првата локална буна на селаните во Македонија и тоа во Мариово во периодот на подем на Османлиското Царство, кога со неа владеел Сулејман Вел��чествениот. Водачи на буната биле Димитри Стале од село Сатока, ��опот Димитри од село Градешница, Стојан Пејо и попот Јако од село Старавина и Матјо Никола од село Велиште[1]. Буната од Мариово се проширила во повеќе прилепски села.

Турскиот султан испратил наредба до кадијата во Прилеп и скопскиот санџакбег да ги фатат водачите на буната и да ги ликвидираат или да ги испратат како веслачи на бродови. На 4 декември 1565 г. била издадена нова султанска заповед за воспоставување на ред и враќање на мирот. Се смета дека оваа буна била крваво задушена, бидејќи во тоа време исчезнале селата Сатока и Пештје (Бешиште), но сепак оваа буна е една од причините што Мариово никогаш не било исламизирано.

Втора буна[уреди | уреди извор]

Втората мариовска буна во 1688/89 година имала помали размери од претходната. Тоа е време кога со Мариовскиот Хас (општина) управувал Мехмед-паша. Тој се жалел до Високата порта дека мариовската раја и натаму се бунтува, а доста Мариовци се одметнале во ајдуци.

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. *Стојановски, Александар (2006). Македонија под турската власт: статии и други прилози. Институт за национална историја. 11 декември 1565 година, поименично се спомнуваат главните протагонисти на народното бунтување во Мариово. Тоа биле: Димитри Стале од с. Сатока, поп Димитри од с. Градешница, Матјо Никола од с. Бешиште, Стојан Пејо ...