Конформист (филм)
„Конформист“ (италијански: Il conformista) е италијанско-француско-германски филм од 1970 година, во режија на Бернардо Бертолучи (Bernardo Bertolucci). Главните улоги ги играат: Жан-Луј Трентињан (Jean-Louis Trintignant), Стефанија Сандрели (Stefania Sandrelli), Гастон Мошин (Gastone Moschin), Енцо Тарошо (Enzo Taroscio), Пјер Клементи (Pierre Clementi) и Доминик Санда (Dominique Sanda). Филмот, кој е снимен по истоимениот роман на Алберто Моравија, се смета за едно од најдобрите остварувања на Бертолучи при што освоил повеќе награди, а бил номиниран и за „Оскар“ за најдобро сценарио засновано на книжевно дело.[1]
Содржина
Во 1920-тите, тринаесетгодишното момче Марчело (го игра Трентињан) се обидува да го заведе хомосексуалецот Лино, а за награда му ветува пиштол. Меѓутоа, Марчело со тој пиштол го убива Лино, но неговата винаникогаш не е откриена. Во 1938 година, Марчело живее како угледен професор по филозофија во фашистича Италија. Наскоро, тој се жени со Џулија (ја игра Сандрели), обична, убава и површан девојка. Мајка му на Марчело е наркоманка и тој нема никакви односи со неа, а татко му е во лудница. Марчело работи за фашистичката тајна служба и тоа го прави да се чувствува важен. Еден ден, од него бараат да замине во Париз за да го следи својот поранешен професор, кој е познат антифашист. Патем, нему му даваат задача да го ликвидира професорот и му даваат пиштол со кој треба да го изврши убиството. Марчело пристига во Париз заедно со Џулија и набрго го среќава професорот при што ја запознава и неговата убава жена Ана (ја игра Санда). Тогаш, плановите на Марчело се расипуваат...
Наводи
- Италијански филмови
- Германски филмови
- Француски филмови
- Филмови на Бернардо Бертолучи
- Филмови со Доминик Санда
- Филмови со Гастон Мошин
- Филмови со Енцо Тарошо
- Филмови со Пјер Клементи
- Филмови со Жан-Луј Трентињан
- Филмови со Стефанија Сандрели
- Филмови на италијански јазик
- Филмови на француски јазик
- Филмови од 1970 година
- Филмови засновани на романи
- Филмови чие дејствие се одвива во Париз
- Филмови чие дејствие се одвива во Рим