Изложба „Гордост и предрасуди“ во Паркот Басилдон, која се користеше како локација на Недерфилд, домот на Џорџ БинглиGroombridge Place служеше како локација за снимање на семејната куќа Бенет
Дејството на филмот се одвива во грегоријанска Англија. Госпоѓата Бенет ги одгледува своите ќерки: Џејн, Елизабет, Мери, Кити и Лидија, со намера да ги омажи за богат маж, кој со своето богатство би го издржувал целото семејство. Тие не се од висока класа, а нивната куќа во Хартфордиш ќе биде наследена од далечен роднина, ако умре господинот Бенет. Кога богатиот господин Бингли и неговиот најдобар пријател, господинот Дарси пристигнуваат во градот за да го поминат летото на еден имот што се наоѓа во близина. Тогаш, Џејн се вљубува во Бингли.[1][2]