Отворање на устата (ритуал)
Отворање на устата бил староегипетски ритуал опишан во погребните текстови, на пример во текстовите од пирамидите.
Погребна магија
[уреди | уреди извор]Ритуалот вклучува симболично оживување на статуата или мумијата со магично отворање на устата, така што починатиот во задгробниот живот може да дише и да зборува. Постојат докази дека овој ритуал се практикува уште од Старото Кралство, а последен пат се забележува во римскиот период. Специјални алатки се користеле како ритуална тесла, позната како песешкаф, нож со глава на змија и разни амајлии.
Старите Египќани верувале дека душите на луѓето во задгробниот живот имаат потреба од храна и вода за да преживеат. Ритуалното отворање на устата било изведувано така што покојникот можел да ја користи устата за јадење, пиење и разговор во наредниот живот и затоа било исклучително важен ритуал ��а задгробниот живот.
Ритуалот имал вкупно 75 постапки и неговата најкомплетна варијанта била составена од фази:[1]
- Постапка 1-9 Прелиминарен ритуал
- Постапка 10-22 Оживување на статуата
- Постапка 23-42 Подароци од месо од Горниот Египет
- Постапка 43-46 Подароци од месо од Долниот Египет
- Постапка 47-71 погребен оброк
- Постапка 72-75 церемонија на затворање
Книга на мртвите
[уреди | уреди извор]Книгата на мртвите настанала од текстовите во пирамидите и текстовите од ковчезите во Новото Кралство, а содржи и чинки за отворање на устата. Овие чинки самите жртви ги фрлале на себе:[2]
- Мојата уста ја отвора Птах,
- Оковите на мојата уста ми го одврзува мојот градски бог.
- Тот дојде тука опремен со чинки,
- Го релаксира синџирот на Сет од мојата уста.
- Атум ми ги дава моите раце,
- Тие беа поставени како чувари.
- Мојата уста ми е подарена,
- Мојата уста ја отвора Птах,
- Со тоа метално длето
- Со кое ги отвори устите на боговите.
- Јас сум Сехмет-Вадет кој живее западно од рајот,
- Јас сум Сахет меѓу душите на Он.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „The Opening of the mouth ritual“. Архивирано од изворникот на 22 август 2014. Посетено на 1 септември 2018. University College London
- ↑ Lichtheim, Miriam (1976). Ancient Egyptian Literature, vol 2. London, England: University of California Press. ISBN 978-0-520-02965-1.
Литература
[уреди | уреди извор]- Lichtheim, Miriam (1976). Ancient Egyptian Literature, vol 2. London, England: University of California Press. ISBN 978-0-520-02965-1.