Прејди на содржината

Пархим (округ)

Координати: 53°30′N 11°55′E / 53.5° СГШ; 11.92° ИГД / 53.5; 11.92
Од Википедија — слободната енциклопедија
Пархим
Landkreis Parchim

округ
Земја Германија
ПокраинаМекленбург-Западна Померанија
Укинат2011
СедиштеПархим
Површина
 • Вкупна2,233 км2 (0,862 ми2)
Население (2010)
 • Вкупно95.798
 • Густина43,000/км2 (110,000/ми2)
Час. појасCET (UTC+1)
 • Лето (ЛСВ)CEST (UTC+2)
Рег. таб.PCH
Мреж. местоlandkreis-parchim.de

Пархим (германски: Parchim) — поранешен округ во југозападниот дел на сојузната покраина Мекленбург-Западна Померанија, Германија. Се граничел со (од север надесно) окрузите Северозападен Мекленбург, Гистров, Мириц, округот Пригниц во Бранденбург, округот Лудвигслуст и слободниот град Шверин. Округот бил распуштен при административната реформа во септември 2011 година. Неговата територија е дел од новосоздадениот округ Лудвигслуст-Пархим.

Географија

[уреди | уреди извор]

Најголем дел од округот е земјоделски насочен, но во најисточниот дел се наоѓаат неколку езера, од кои најголемо е Плауското Езеро (39 км²). Плауското Езеро е дел од Езерската Област Мириц.

Историја

[уреди | уреди извор]

Во 1994 трите окрузи Пархим, Штернберг и Либц биле споени во новиот округ Пархим. Границите на овој нов округ биле скоро исти како на средновековното кнежевство Пархим-Рихенберг, кое постоело помеѓу 1238 и 1316. Овој округ бил споен со округот Лудвигслуст при административната реформа во септември 2011 година, создавајќи го новиот округ Лудвигслуст-Пархим.

Грб Грбот прикажува глава на бик, кој е симбол на поранешното грофовија Пархим, како и на Мекленбург во кое било припоени во 1471. Двата сини агли ги претставуваат двете најголеми езера во округот — Шверинското и Плауското Езеро.

Градови и општини

[уреди | уреди извор]
Слободен град
  1. Пархим
Општински заедници
  1. Банцков1
  2. Плате
  3. Зуков
  1. Барнин
  2. Билов
  3. Кривиц1, 2
  4. Демен
  5. Фридрихсруе
  6. Трам
  7. Цапел
  1. Галин-Купентин
  2. Гишов
  3. Гранцин
  4. Херцберг
  5. Карбов-Фитлибе
  6. Крајен
  7. Крицов
  8. Либц1, 2
  9. Лутеран
  10. Марниц
  11. Пасов
  12. Зигелков
  13. Зуков
  14. Тесенов
  15. Валсторф
  16. Вердер
  1. Дистелов
  2. Добертин
  3. Голдберг1, 2
  4. Местлин
  5. Ној Позерин
  6. Техентин
  7. Вендиш Варен
  1. Камбс
  2. Добин ам Зе
  3. Гневен
  4. Годерн
  5. Ланген Бриц
  6. Лецен1
  7. Пинов
  8. Рабен Штајнфелд
  1. Дам
  2. Домзил
  3. Гребин
  4. Грос Годемс
  5. Грос Ниндорф
  6. Каренцин
  7. Левицранд
  8. Ром
  9. Зеверин
  10. Шпорниц
  11. Штолпе
  12. Цигендорф
  13. Целков
  1. Баркхаген
  2. Бухберг
  3. Ганцлин
  4. Плау ам Зе1, 2
  5. Вендиш Приборн
  1. Бланкенберг
  2. Борков
  3. Брил2
  4. Дабел
  5. Хоен Приц
  6. Кобров
  7. Кулен-Вендорф
  8. Ланген Јархов
  9. Мустин
  10. Штернберг1, 2
  11. Вајтендорф
  12. Вицин
  13. Царенсдорф
1седиште на општинската заедница;2град

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]

53°30′N 11°55′E / 53.5° СГШ; 11.92° ИГД / 53.5; 11.92