Прејди на содржината

Рома (филм од 2018)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Рома (шпански: Roma) – мексиканско-американски филм од 2018 година, во режија на Алфонсо Куарон, кој е автор и на сценариото. Главните улоги ги толкуваат: Јалица Апарисио, Марина де Тавира, Ненси Гарсија Гарсија, Фер��ансо Гредијага, итн. Во 2019 година, филмот освоил три награди „Оскар“, во категориите: најдобро странски филм, најдобра режија и најдобра кинематографија, а бил номиниран уште во седум категории. Истата година, филмот имал три номинации за наградата „Златен глобус“, а освоил две награди. Исто така, филмот освоил четири награди БАФТА (а имал уште три номинации).[1]

Синопсис

[уреди | уреди извор]

Дејството се одвива во Мексико, во 1970-1971 година. Клео (ја игра Апарисио) е слугинка во куќата на докторот Антонио (го игра Гредијага), кој често оди на службен пат во Канада. Еднаш, под изговор дека пак оди на студиски престој, тој го напушта семејството и оди да живее со својата љубовница. Клео останува бремена со Фермин, кој вежба боречки вештини. Што�� му ја кажува веста, тој веднаш ја напушта. Кога се приближува денот за пораѓање, Клео оди да купи креветче за бебето, а надвор се во тек студентски демонстрации. Тогаш, во продавницата влегува група платеници, ангажирани од полицијата, кои убиваат еден демонстрант. Меѓу платениците е и Фермин, кој го насочува револверот кон Клео и тогаш таа добива контракции. Веднаш ја носат на болница, а таму раѓа мртвороденче. Еден ден, Софи ги носи Клео и децата на море, каде Клео ги спасува децата од давење. Кога се враќаат дома, тие ја наоѓаат куќата празна, зашто докторот го зел поголемиот дел од мебелот.[2]