Прејди на содржината

Спасувањето на војникот Рајан (филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија
„Спасувањето на војникот Рајан
(Saving Private Ryan)“
РежисерСтивен Спилберг
ПродуцентСтивен Спилберг
Ијан Брус
Марк Гордон
Гери Левинсон
СценаристРоберт Родат
Главни улогиТом Хенкс
Том Сиземор
Едвард Бурнс
Џереми Дејвис
Бери Пипер
Жанрвоена драма
акција
ДистрибутерDreamWorks (САД и Канада)
Paramount Pictures(насекаде)
Премиера12 јуни 1998
Времетраење170 мин.
Земја САД
Јазиканглиски
германски
француски
чешки
Буџет$70.000.000

Спасувањето на војникот Рајан (англиски: Saving Private Ryan), познат и како Спасувајќи го војникот Рајанамерикански филм од 1998 година, во режија на Стивен Спилберг, а по сценариото на Роберт Родат. Главните улоги во филмот ги толкуваат: Том Хенкс, Мет Дејмон и Том Сајзмор. Филмот е делумно заснован врз вистинската приказна за браќата Ниланд. Филмот бил добро прифатен од публиката и критиката, добивајќи неколку награди, меѓу кои и наградата Оскар, а остварил и добра заработка во киносалите.

Содржина

[уреди | уреди извор]

Филмот зборува за еден настан од Втората светска војна, кога тројца браќа, американски војници, загинуваат во ист ден, па командата одлучува најмладиот брат, војникот Рајан, да биде спасен и вратен дома. Капетанот Џон Милер со својата единица го бара Рајан, поминувајќи низ бројни опасности и дури изгубува неколку војници, но кога ќе го пронајдат, Рајан одбива да ги напушти другарите.[1]

Филмот започнува така што еден постар ветеран (подоцна дознаваме дека е Рајан), (Харисон Јанг), за време на посетата (со неговото семејство) на американските гробишта и меморијалниот центар во Нормандија, Франција, паѓа пред еден надгробен споменик, занесен од емоции.

Сцената се менува во почетокот на инвазијата на Нормандија, каде американските војници се борат на плажата Омаха со вкопаната германска пешадија и митралеските гнезда. Еден од луѓето кои го преживуваат првиот налет, капетанот Џон Х. Милер (Том Хенкс) од вториот баталјон ренџери, собира група војници и полека се пробива низ германската одбрана кон излезот од плажата.

  1. Антена, број 856, 21.11.2014, стр. 15.