Ризница:Вики ја сака земјата 2023
Wiki Loves Earth | ||
---|---|---|
Вики ја сака Земјата 2023 |
Земји-учеснички |
Правила и ЧПП |
Приредување |
Победници |
Контакт |
Извештај |
Вики ја сака Земјата (WLE) е меѓународен фотографски натпревар кој се одржува секоја година во текот на мај и јули. Се приредува во голем број земји, од страна на Викимедиините ограноци, групи и доброволци во голем број земји. Учесниците прават слики од природното наследство околу нив и ги подигаат на Ризницата. Секоја одделна земја има свој натпревар со свои правила и награди, кои може да се разликуваат една од друга.
Основната цел на натпреварот е да се создадат и соберат слики од природното наследство на земјите, како што се природните резервати, заштитените предели, националните паркови, особени градини и тн. Со ова се предвидува да се илустрираат статиите на бесплатната светска енциклопедија „Википедија“ и другите Викимедиини проекти.
Нагласокот не е само на места од државно значење, туку и на сите заштитени подрачја од регионално значење, како и најразлични видови природни места: шуми, паркови, градини, карпи, пештери и сето она што е заштитено како природно добро во вашата земја. Така, највеќето учесници ќе можат да најдат барем неколку места од вакво значење во блиската околина.
Годинава е 11-тото издание на натпреварот и меѓународните победници ќе бидат од две категории — предели (вкл. поединечни дрва, ако се споменици на природата) и слики одблиску (животни, растенија, габи):
- во месни рамки има до 15 победници, притоа не повеќе од 10 од секоја категорија. Месните приредувачи може да решат да не ги двојат месните победници на категории и/или може да поднесат помалку скики (на пр. 10).
- меѓународното жири ќе избере до 20 фотографии, односно највеќе 10 од секоја категорија.
- меѓу најдобрите 20 во меѓународна конкуренција ќе има највеќе до две слики по автор бидејќи имаме за цел да создадеме разноликост во победничките слики. Намерата ни е да истакнеме повеќе споменици на природата од разни краишта и автори.
- Привремен времеслед
- 1 мај – 31 јули и датумите блиску до овие рамки соодветни за земји: државни натпревари. Погледајте ги поединечните рамки за секоја земја.
- Крај на август: рок за поднесоци, на пр. на Страницата со победници
- Октомври-ноември: рок за меѓународниот исход
- Правила
- Правилата за меѓународниот дел од натпреварот се објавени овде. Месните натпревари имаат свои правила, предлагања, рокови итн.
- Награди
- Победниците ќе добијат вредносни купони за Амазон и други семрежни продавници; вредноста зависи од освоеното место.
- Месните екипи може да доделуваат награди за победниците во државните кругови.
- Подигнати слики
- Погледајте ги сите досега подигнати слики.
- Како да учествувате
- За месни приредувачи: појдете на Ризница:Вики ја сака Земјата 2023/Приредување.
- За учесници: појдете на Ризница:Вики ја сака Земјата 2023/Земји-учеснички.
- Официјален портал
- Во печатот
- Погледајте Ризница:Вики ја сака Земјата 2023/Во печатот.
Напомена: Натпреварот го приредуваат претежно доброволци, и приредувачите го задржуваат правото да ги изменат овие правила или да го откажат натпреварот по сопствено наоѓање, дури и ако е веќе почнат. Приредувачите не прифаќаат никаква одговорност за испорачателноста на покровителите на награди, ниту пак било било каква одговорност во однос на овој натпревар. Ниту правилата, ниту било што на овие страници не претставува понуда за стапување во правно обврзувачки однос со било кој од приредувачите. Членовите на жирито немаат право на било каков надомест (но сепак можат да учествуваат со свои слики).